Памела за својот 20 години помлад љубовник: „Знам дека нема вечно да ме сака“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако завлезе во шестата возрасна деценија од животот, некогашната секс бомба и Плејбој зајачица, Памела Андерсон, уште нема проблем да вртка околу себе многу помлади и згодни фраери.

Но, и таа полека се помирува со старост која почнува да ја „гази“. Памела имала интересно признание во однос на врската со француската фудбалска ѕвезда Адил Рами. Откако папараците забележаа голем дијамантен прстен на раката на Памела, стана јасно дека двајцата се во љубов.

Но, 52-годишната Памела кажала дека нејзиниот 32-годишен пријател нема да ја сака вечно. Таа признала дека тогаш, кога нејзината убавина ќе исчезне со годините, тие сигурно ќе се разделат.

Дваесетте години разлика во возраста меѓу нив сега не е проблем, па затоа и Памела Андерсон се преселила да живее во Франција заедно со фудбалерот.