Владата на Австрија одлучи да се откаже од законот за задолжителна вакцинација само еден месец откако тој контроверзен закон стапи на сила. „Одлучивме да го следиме мислењето на експертската комисија и да го суспендираме текстот на законот кој не е пропорционален на опасноста од омикронската варијанта на коронавирусот“, рече министерката за ЕУ и устав Каролина Едштадлер на прес-конференција во Виена. …