Продолжува топлото и сончево есенско време


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денеска во Македонија ќе имаме сончево и релативно топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево и релативно топло со мала облачност.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 26 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 24, Битола и Крива Паланка 25, Берово 23, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност и релативно топло. Наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 22 до 27 степени.