228 милиони преслушувања во само еден ден – новиот албум на Тејлор Свифт растури на Спотифај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Spotify завчера објави дека новиот албум на Тејлор Свифт, Midnights, го срушил рекордот на стриминг сервисот по број на стримови во рок од 24 часа.

Така, Midnights стана најслушаниот албум во историјата на стриминг сервисот за еден ден, а популарната пејачка стана најслушаниот изведувач на Spotify.

Денеска на Твитер, Pop Base ги прецизира бројките: Midnights е преслушан 228 милиони пати за 24 часа.

„Тоа е прв пат во историјата на оваа услуга за стриминг еден изведувач да има повеќе од 200 милиони стримови во еден ден“, напишаа тие на Твитер.

Да потсетиме дека новиот албум на Тејлор Свифт го собори рекордот на Spotify за албум со најмногу стримови во еден ден. Пејачката во петокот го објави својот нов албум, а ѝ требаше помалку од еден ден да постави нов рекорд. Свифт им се заблагодари на своите фанови што „направиле нешто неверојатно“, а Spotify го објави рекордот на својата официјална веб-страница.

„Дури и пред часовникот да отчука полноќ на 22 октомври, Тејлор Свифт го собори рекордот за најстримуван албум во еден ден во историјата на Spotify. Честитки, taylorswift13“, твитнаа на официјалниот профил на платформата.