Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за услуги за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот. Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески за МИА изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека …
Манчестер Сити и Реал Мадрид синоќа го одиграа најдобриот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона. Спектаклот беше најавен уште во втората минута кога Де Брујн ја искористи одличната асистенција од Марез и го матираше Куртоа за 1:0. Веќе во 10. минутата Жесус зголеми на 2:0, Де Брујн во оваа ситуација беше во улога на асистент. Реал Мадрид во живот …
Вработените во основното и средното образование го продолжуваат штрајкот за зголемување на платите, додека градинките од денеска пак ќе ги примаат децата од предучилишна возраст. Синдикатот на образованието, науката и културата останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4% и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 125. Од вкупно 480 синдикални организации, …
Министерството за енергетика на Бугарија во текот на вчерашниот ден соопшти дека Газпром ја прекинал испораката на гас за Бугарија. Бугарскиот дистрибутер на гас Булгаргаз ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од Газпром експорт од утре, 27 април, ќе бидат суспендирани. Снабдувањето на Македонија со гас доаѓа само преку Бугарија. Бугарските медиуми јавуваат дека Бугарија целосно ги исполнила …
Американскиот универзитетски професор Ник Мериветер ќе биде добро финансиски исплатен од универзитетот Шони на кој предава каде доби казна затоа што на машки студент му се обраќал како на машко, а овој сакал да му се обраќаат како на женско. Професорот случајот го добил откако се повикал на своите верски права и убедувања по кои се знае што е машко …
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш кој се одржа вчера, кажа дека самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република станале независни по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата на Косово која, како што истакна, сите ја поддржаа. „Лично ги прочитав сите документи на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата …
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал 4 до 11, а максималната од 18 до 29 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе …
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го прекина денешниот протест пред Собрание, поради притисоци врз членството, пренесува Радио Слободна Европа. На најавениот собир пред протестот во Жена парк во центарот на градот се појавија околу стотина административни работници без транспаренти, а дополнително ќе се одлучува дали од утре ќе има протести. Претходно од овој Синдикат најавуваа секојдневни протести пред Влада и …
100 дена Влада беа всушност 100 дена предизвици изјави актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски во оценката за својата работа од кога го формира својот владин кабинет. Ковачевски се пофали дека уште во првите 50 дена од својот мандат направил два историски чекори – зголемување на минималната плата и раст на пензиите согласно трошоците за живот. Според премиерот, мерките за справување …
Вашиот најважен ден се наближува, а ако нешто ги поврзува сите невести, тоа е …