Сончева и топла среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал 4 до 11, а максималната од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.Маврово 18. Охрид 22, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 23, Дојран 29.

Утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.