Home Актуелно КСС го прекин протестот уште на првиот ден – се жалаат на притисоци

КСС го прекин протестот уште на првиот ден – се жалаат на притисоци

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го прекина денешниот протест пред Собрание, поради притисоци врз членството, пренесува Радио Слободна Европа.

На најавениот собир пред протестот во Жена парк во центарот на градот се појавија околу стотина административни работници без транспаренти, а дополнително ќе се одлучува дали од утре ќе има протести.

Претходно од овој Синдикат најавуваа секојдневни протести пред Влада и Собрание додека не се исполнат нивните барања за усогласување на платите со минималецот.

КСС бара зголемување на бодот на 103 денари во брито износ, со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18 200 денари и би се усогласиле останатите плати на сите во јавниот сектор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…