Владиниот тим на чело со премиерот Ковачевски одбележа 100 дена Влада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


100 дена Влада беа всушност 100 дена предизвици изјави актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски во оценката за својата работа од кога го формира својот владин кабинет.

Ковачевски се пофали дека уште во првите 50 дена од својот мандат направил два историски чекори – зголемување на минималната плата и раст на пензиите согласно трошоците за живот.

Според премиерот, мерките за справување со енергетската и економската криза на домаќинствата им заштедиле по 4.000 денари месечно. Ковачевски вели дека денарот е стабилен, а буџетот ликвиден. Клучно изминатиов период било членството во НАТО и следење на политиката во руско-украинскиот конфликт, а на европските партнери им укажал дека брзата интеграцијата на западен Балкан станува геострастешко прашање за Европа.

Од Алтернатива се задоволни од постигнатото иако нема напредок за клучниот услов за влез во Владата: брз почеток на преговорите со ЕУ. Гаши уште е отимист дека во јуни датум е возможен, но сега нагласува дека тоа не зависи само од нас.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ 100 дена Влада на Ковачевски биле исто како изминативе 5 години владеење на СДСМ.

-„100 дена влада 1 милијарда задолжувањее…100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери. 100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции. 100 дена влада, 100 дена порази. 100 дена влада и 5 години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Незадоволни од работата на Владата се и Алијанса на Албанците.