Најмалку 33 загинати, меѓу кои има и деца, е црниот епилог од експлозијата во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска тамошните власти. Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид изјави и дека 43 лица се повредени во бомбашкиoт напад во областа Имам Сахеб. Локален претставник изјави дека бомбата експлодирала во суфиската џамија Мавлави Сикандар. Засега никој не ја презеде …