Нетфликс остана без 200.000 претплатници и 50 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Нетфликс тврдат дека падот на бројот на претплатници е заради повеќе проблеми, од крајот на пандемија до тоа што претплатниците се нефер и делат пасворди, Илон Маск тврди дека Нетфликс и нивните „разбудени“ содржини се сами криви за падот на претплатници.

Акциите на Нетфликс средата вечерта ја завршија со 35% пониска вредност, откако во вторникот вечерта Нетфликс објави дека за прв пат по 10 години тие изгубиле претплатници и тоа вртоглави 200.000 корисници.

Пренесено во пари 35% од вредноста на акциите е еднаква на 50 милијарди долари. Моментално акциите на Нетфликс се акции со најлош перформанс на С&П 500 индексот во 2022.

Од своја страна Нетфликс даде неколку оправдувања:

– Се поголема конкуренција.

– Крајот на пандемијата и излегувањето на луѓето надвор од дома.

– Одлуката да ја бојкотира Русија и целосно да излезе од пазарот, со што изгуби 700.000 претплатници.

– Тоа што според нивните проценки околу 100 милиони домаќинства делат пасворди.

Овие проблеми Нетфликс најави дека ќе ги решава со мерки како поевтина претплата со реклами и борба против делењето пасворди, кое им овозможува на повеќе семејства да користат една претплата.

По процени на Нетфликс овие мерки треба да дадат резултати некаде во 2024.

Од друга страна Илон Маск има забелешки на содржините со кои се полни Нетфликс, и кои веројатно не донеле бројност на публика што компанијата ја очекувала за парите што ги вложила за тие програми.