Зеленски: „За жал, Русија не го прифати предлогот за велигденско примирје“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинскиот претседател Володомир Зеленски доцна синоќа ѝ се обрати на јавноста преку социјалните мрежи.

„За жал, Русија го отфрли предлогот за воспоставување велигденско примирје. Ова многу добро покажува како лидерите на оваа земја всушност се однесуваат кон христијанската вера и еден од најсреќните и најважните празници. Но, ние не губиме надеж. Надеж за мир, надеж дека животот ќе ја победи смртта“, напиша Зеленски во описот на снимката.

„Украинци, Украинки, наши бранители. Денеска е важен ден за Украина, за нашата надворешна политика. Премиерите на Шпанија и Данска, двете земји кои постојано ја поддржуваат Украина, дојдоа во Киев“, раскажа Зеленски. „Им благодарам“, додаде тој.

Тој потоа повтори дека ги повикува сите европски земји да ги заострат санкциите кон Русија.

Зеленски рече дека Русија прави сè за да постигне каков било успех на исток и југ. Тој вели дека носат нова војска и мобилизираат луѓе во одметничките региони.

„Ништо од ова нема да ѝ помогне на Русија да победи во војната против нашата земја“, рече тој.

„Можат само да го одложуваат она што е неизбежно, дека напаѓачите ќе мора да ја напуштат нашата земја“, рече тој.

„Мариупол продолжува да дава отпор, без оглед на тоа што велат окупаторите“, рече тој. Тој ги повика жителите на јужните региони и областите околу Херсон да внимаваат какви информации им даваат на Русите и предупреди дека Русите сакаат да организираат нелегален референдум за отцепување.