Антикорупциската комисија ќе бара дополнителни објаснувања и информации за конкурсите за вработување што ги објавиле по распишувањето на претстојните парламентарни избори Министерството за правда, Македонска пошта, а.д. Скопје, ОУ Страшо Пинџур од општина Карбинци и Театарот за деца и младинци. На јавна седница денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги разгледуваше приговорите против овие институции поднесени од Коалицијата …