Општата болница во Прилеп Борка Талески ќе добие нов оперативен стол, заедничка донација од Витаминка и Прилепска пиварница во вредност од 12.500 евра. Оперативниот стол е наменет за Одделението за офталмологија и станува збор за неопходна опрема со мултифункционални перформанси. Двете најголеми прилепски компании се обединија во хуманиот гест да го снабдат ова одделение со нова и мултифункционална опрема и …