Вака се испорачува Ferrari 458 во Азија.
Вака се испорачува Ferrari 458 во Азија.
Иља Сидоров, 26-годишен Русин, е уапсен под сомнение дека е мозокот на суицидната култна игра „Синиот кит”. Како што објави N1, тој е обвинет за поттикнување на деца да се самоповредуваат и потоа да се обидат да се самоубијат. Изопачената игра, циркулира на социјалните мрежи. Играта се доведува во врска со повеќе од 130 смртни случаи, кај деца и тинејџери. …
Двајца се здобиле со тешки изгореници, а десетмина со полесни повреди во напад со молотов коктел во ресторан во предградие на Париз. Во ресторанот што се наоѓа во областа Сен Сан Денис синоќа бил фрлен молотов коктел, по што веднаш пристигнале екипи на полицијата, противпожарната и итната медицинска служба. Повредените со изгореници веднаш биле префрлени во болницата Сан Луи, а …
Заменик началникот на генералштабот на Иранските вооружени сили Изиди Мустафа изјави дека Иран поседува докази дека САД директно ги поддржуваат терористите од Исламската држава. Како што претходно изјави врховниот лидер на Исламската револуција ајатолахот Хомнеј, имаме документи и информации кои докажуваат директна поддршка на американскиот империјализам на ова ужасно движење (ИСИС) во регионот, кое ги уништи муслиманските земји и донесе …
Цените на цигарите, енергетските и безалкохолните пијалоци во Саудиска Арабија се зголемиле за 50%, поради воведување данок на широка потрошувачка. Оваа мерка е воведена како последица на падот на приходите од нафтата. Жителите на Саудиска Арабија досега не плаќале данок на широка потрошувачка, но поради големите варијации во цената на нафтата во последниве три години, властите барале други решенија за …
Светската банка прогнозира дека глобалната економија ќе постигне раст од 2,8 насто во следните две години. Во Кина се прогнозира дека ќе има благ пад на економијата меѓу 2018 и 2019, но ќе се забележи раст на БДП. Исто така, Индонезија е една од земјите што ќе придонесе во светскиот економски раст. Ситуацијата е тесна во поглед на САД, поради …
Бројот на обвиненија кои Специјалното јавно обвинителство ќе ги поднесе во рокот кој истекува на крајот на месецов ќе биде уште најмалку десетина, најавуваат од обвинителството. Веќе неделава се очекува покренување на случаите со набавката на службениот Мерцедес вреден 600 илјади евра и за незаконското прислушување во УБК. Освен ова, до 1 јуни обвиненија би можело да има и за …
Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во Брисел на средби во седиштата на Европската Унија и во НАТО. Ова ќе биде негова прва посета како премиер бидејќи тој пред десетина дена беше на средба со високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини. Со неа Заев ќе се сретне и денеска, како и со комесарот за проширување Јоханес Хан. Главна тема …
Жителите на Богданци вчера се изјаснија за запирање на изградбата на рудникот Казандол во Валандово, но и да не се отвараат рударски комплекси во нивната општина. Над 97 отсто од гласачите во Богданци коишто излегоа на гласање заокружиле против на референдумските прашања. Од 6.918 запишани гласачи во Избирачкиот список, официјално на гласање излегоа 4.231, изјави за МКД.мк претседателката на Општинската …
Воената коалиција која ја предводи Рамуш Харадинај освои најмногу гласови на изборите во Косово, но ќе мора да бара коалициски партнери. Српската листа е доминантна во српските средини. Излезноста е само 41,4 проценти. Организацијата Демократија на дело соопшти дека врз основа на 87 проценти од пребројаните гласови, т.н. Воена коалиција убедливо води со 33,2 проценти од гласовите. Оваа коалиција претходно …
Шампионот на U.S. Open, Кори Павин, откри тешка вест во борбата на неговата сопруга Лиса со ракот. „Пред повеќе од седум месеци објавив дека @lisap0810 ја заврши последната хемотерапија“, сподели Кори, 66, на Инстаграм во вторник, 6 октомври. „Дознаевме пред неколку месеци дека ракот не исчезнал целосно.“