Принцезата Дајана, не е единствената која што се чувствувала заробено во бракот со британскиот престолонаследник. Тајните писма, кои принцот Чарлс ги пишувал до својата пријателка Ненси Реган, откриваат дека и тој воопшто не бил среќен во оваа брачна заедница. „Нашиот брак е своевидна грчка трагедија“, пишува принцот во едно од своите писма до Ненси испратено на 21-ви јуни 1992-ра година. …
Писмата од Чарлс сведочат: „Бракот со Дајана беше како грчка трагедија“