Еве како правилно да се сончате на плажа во жешките летни денови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доаѓа летото и се зголемува желбата за сончање и добивање на темен тен на кој секое парче облека како подобро да ни стои.

Сепак, истражувањето објавено минатата недела покажа дека на светскиот пазар се наоѓаат 880 креми за сончање, кои не заштитуваат толку колку што производителите рекламираат или содржат загрижувачки состојки.

Авторите на годишниот извештај објавија водич за 2017 година со кој сакаат да им помогнат на корисниците да направат паметен избор на производи за заштита од сонце, бидејќи сите креми не се еднакви и поради тоа луѓето кои зависат од нив често веруваат дека се посилни од што навистина се.

По истражувањето на факторите за заштита (СПФ), хемиските состојки и генералната безбедност и ефективност на неколку креми за сончање, хидрирање на кожата и креми за усни, издадоа водич со корисни совети.

Кој фактор за заштита е премногу?

Дерматолозите препорачуваат користење на крема за сончање за да ги блокирате штетните сончеви ултравиолетови зраци. УВЕ зраците продираат длабоко во кожата, но УВБ зраците имаат тенденција да го оштетат надворешниот слој на кожата и така да предизвикаат изгореници. Двата вида на овие зраци се поврзани со меланомот и други карциноми на кожата.

Многу креми кои денес се продаваат помагаат во заштита од двата вида на ултравиолетови зраци, а тоа најдобро го означува натписот „broad spectrum” или „заштита со широк спектар”.

Факторот за заштита од сонце (СПФ) го покажува нивото на заштита кој го пружа кремата. Дон Дејвис, дерматолот на клиниката „Мајо“, објаснува дека „ако стоите на Екваторот на пладне сигурно ви треба помалку од минута без крема вашата кожа да стане црвена и иритирана, додека СПФ 15 фактор значи дека можете да бидете изложени на сонце 15 минути.

Сепак кога станува збор за подолго изложување на Сонцето, тоа нема да биде доволна заштита, поради тоа бирајте барем фактор 30 кој блокира 97 отсто од штетните зраци.

Клучот е во честото нанесување

Можеме да заклучиме дека поголемиот фактор е подобар, но дерматолозите велат дека некои брендови нудат и фактор 100 и поголем, но дека купците не ја добиваат заштитата која веруваат дека ја имаат.

– Луѓето кои купуваат креми со поголем фактор имаат поголеми шанси да изгорат на Сонце, бидејќи претпоставуваат дека добиваат подобра и подолга заштита, предупредува научникот Соња Ландер.

Максималната заштита се постигнува кога на неколку часа повторно ќе нанесете заштитна крема, а таа го препорачува заштитниот фактор 30 до 50.

Ако имате проблем со алергии или чувствителна кожа, секогаш барајте креми со цинк оксид или титаниум диоксид, бидејќи тие се физички блокатори и делуваат хипоалергиски.