Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска во Варшава дека САД се посветени на одржувањето мир и безбедност во централна Европа и дека земјата соработува со Полска како одговор на активностите на Русија и нејзиното дестабилизирачко однесување. Говорејќи на прес-конференцијата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Трамп рече дека САД се подготвени да им ја гарантираат безбедноста на Средна и Источна Европа. …