Герила акција: Револтирани стружани ѓубрето им го фрлија на функционерите пред општинска зграда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Група граѓани, незадоволни поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред зградата општината во Струга.

– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија присутни граѓани за Охридпрес.

Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со денови. Депонијата се наоѓа на само 500 метри од градот.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на 22-ри минатиот месец најави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и дека во најкус можен рок ќе се најде решение за проблемот.