Желба за поголема автономија во северноиталијанските региони Венето и Ломбардија – мнозинството избирачи на референдум се изјасни за поголема самостојност. Целта на иницијаторите на референдумите во Венето и Ломбардија е добивање поголеми автономни права и поголема самостојност во односот со Рим. Според наводите на регионалните претседатели, јасно мнозинство од избирачите се изјаснило за повеќе автономност. Во Ломбардија, според неконечните резултати, …