Судот му изрече мерка притвор во трање од 30 дена на момчето кое пред Нова година го запали прилепското кафуле „Паб Корнер“. По поднесување на кривична пријава против 24-годишен прилепчанец, Основното јавно обвинителство Прилеп води постапка за основано сомнение дека тој сторило кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од чл.292, ст.1 во врска со чл.288, ст.1 од Кривичниот законик. …