Убавото време и поволните услови кои се задржаа повеќе од десет дена овозможија повеќе од 400 луѓе да го искачат највисокиот врв на светот, Монт Еверест, соопштија властите од Непал. „Повеќе од 400 луѓе оваа сезона го искачија врвот“, изјави Гјанендра Шреста, кој неодамна се врати од базниот камп под Еверест. Во рамки на тие искачувања беа соборени неколку рекорди, …