На игралиште на улица „Ѓорги Поп Христов“ во Топанско поле, додека 13 годишно дете играло со други деца врз глава му паднала тенда и се здобило со повреди. Немилиот настан е предизвикан од невремето проследено со силен ветер кој дуваше вчера во Скопје. Детето веднаш било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.