Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но вчера на фудбалските терени во Англија беше видена една грозна сцена. За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна и така ја исмеваа смртта на Сала, кој е најскапо засилување во историјата на Кардиф. …