Новооткриената месечина која ја лоцираа научниците е наречена Хипокамп , според античкото животно кое било дел риба, а дел коњ. Хипокамп лебди околу планетата Нептун и е најмала месечина на оваа планета. Има дијаметар околу 34 километри , а со ова откритие се потврдени 14 месечини околу Нептун. До ова откритие е дојдено преку снимките од сателитот Хабл на НАСА. …
Астрономите открија нова месечина во нашиот Сончев систем