Исчезна уште еден млад скопјанец – се бара 35-годишниот Горан Атанасовски

Од вчера попладне, во главниот град исчезна уште едно лице. Станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје.

Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во сиво-металик волксваген поло, со регистерски таблички СК-3104-АО.

Облечен е во кошула и панталони.

Доколку имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.