Обвинителката Русковска: Тогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал упадот во Собрание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На заедничката прес-конференција која ја одржаа Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и обивнителката Вилма Русковска, тие излегоа со заедничко соопштение дека Никола Груевски, Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, пренесува Мкд.мк

Според обвинителката Вилма Рускоска доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.

„На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, вели Русковска.

Според неа исто така Законот за амнестија кој беше донесен за дел од обвинетите за 27 април, не би требало да биде пречка во постапката која се води против организаторите на упадот.

„Во Законот за амнестија не е амнестирано кривично дело, туку поединечни дејствија. Таму стриктно е наведено дека законот за амнестија не важи за организатори“, вели Русковска.

Според истрагата Никола Груевски како тогашен претседател на политичка партија преку медиум ги повикал граѓаните на протест заедно со другите обвинети и за таа цел ја ставил во функција целата партија. Во тоа му помагале уште двајца осомничени, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Доказите кои ги имаат за Груевски ќе се достават до судот за да се прошири барањето за екстрадиција.

Русковска очекува исто така дека Грција ќе го екстрадира Никола Бошковски. Ваквите нејзини очекувања таа ги образложува со тоа што тој доби азил таму како обвинет од СЈО за прислушувањето, а објаснувањето на грчките органи беше дека тој веќе за тоа бил помилуван од претседстелот Ѓорге Иванов. Но, за ова дело тој не е помилуван.