Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција со свечена церемонија стартуваше денеска во хотелот Хилтон, во Скопје. Претседателот на Европскиот шаховски сојуз, Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот официјално отворен. Претседателот …