Францускиот дефанзивец Рафаел Варан категорично потврди дека и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Пред крајот на сезоната се појавија шпекулации дека Варан после шест години сака да ја промени средината, но Французинот потврди дека останува на „Сантиаго Бернабеу“. „Ќе останам и следната сезона во Реал Мадрид и верувам дека ќе ги оживееме победничките емоции и ќе …