На меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа изминатиот викенд на базенот „Борис Трајковски“ во организација на Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје соборени се 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени. Пливачката Миа Крстевска од ПВК Орион постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2.14.53, додека Миа Блажевска Еминова постави неверојатни 11 рекорди. Кадетски …