Вонредна состојба во Чиле: На улиците владее вистинска војна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чилеанската влада ќе ја продолжи вонредната состојба во земјата по бранот насилства и подметнати пожари кои се случија изминатиот викенд, а во кои загинаа најмалку осум луѓе, изјави министерот за внатрешни работи.

Оваа одлука е донесена поради ескалација на насилствата и вандализмот, рече министерот, презентирајќи податок дека само во неделата се случиле над 70 насилни инциденти, вклучувајќи и 40 пљачки на супермаркети и други продавници.

Главниот град на Чиле и други поголеми градови со денови се соочуваат со нереди, што беа предизвикани од зголемувањето на цените на метрото. Дополнително на мета на демонстрантите се најдоа и високите трошоци за живот и нееднаквоста и економскиот модел во кој здравството и образсованието се речиси приватизирани.

-Ние сме во војна против можниот и немилосрден непријател кој никого не почитува и кој е подготвен да ги користи насилството и злосторството без ограничување, изјави претседателот Себастиан Пињера.

Тој во саботата ја поништи одлуката за зголемување на цените на картите за метро, но воведе вонредна состојба во Сантијаго, град во кој живеат над 7 милиони луѓе.

На улиците на Сантијаго се наоѓаат 10.500 војници и полицајци и нивниот број ќе се зголемува, најави министерот за вантрешни работи.

-Се соочуваме со вистинска ескалација која недвосмислено е организирана за да нанесе сериозна штета на нашата земја и на животите на нашите гражани, изјавуваат од МВР.

Во инцидентите поврзани со протестите загинаа седум лица. Според Обвинителството, до вчера, поднесени се обвиненија против 1.462 лица поради протестите, од кои 614 во Сантијаго, каде се уапсени 179 луѓе.

Претседателот на војската и нареди воведување ред во Сантијаго, па поради тоа, ноќта меѓу саботата и неделата воведена е забрана за движење низ градот, а ваквата забрана е продолжена до денеска.

Сообраќајот вчера бил блокиран, а на аеродромот настанал хаос, со одложување на летови, бидејќи пилотите и посадата не можеле да пристигнат на работа.