Утринското спремање за на работа не мора да значи долго сушење и комплицирано стилизирање на косата. Кога сакате да изгледате средено, но немате многу време, овие фризури за работа може да бидат доволни за целосниот изглед да биде елегантен и промислен. Од класична ниска пунџа и мазен реп до полуподигната коса и голема шнола, изборот е многу поголем отколку што изгледа на прв поглед.