Најновата црна статистика вели дека најмалку 90 луѓе и 13 американски војници загинаа, а над 150 се повредени во вчерашните два самоубиствени напади на аеродромот во Кабул. Исламската држава Корасан (ИД-К), регионалната група на ИСИС многу порадикална од талибанските милитанти кои ја презедоа власта пред помалку од две недели, ја презеде одговорноста за нападот. Утрово, напорите за евакуација на авганистанските …