Падна Исламската држава: Ирачката армија го освои Мосул, каде беше прогласен калифат на ИД


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ирачаката армија објави крај на калифатот на терористичката организација Исламска држава.

Таа измислена држава падна, изјави портпарол на Командата на ирачките сили што ја водеа офанзивата за ослободување на Мосул, генерал Јахија Расул за Ирачката телевизија.

Ирачките сили ја зазедоа разурната џамија во Мосул, каде што пред три години за првпат беше прогласен калифатот на терористичката група Исламска држава, и соопштија дека Мосул е целосно под нивна контрола.

Заземањето на големата џамија Ал нури претставува симболична победа на ирачките сили, кои веќе осум месеци водат офанзива за ослободување на Мосул, кој беше де факто престолнина на ИСИС во Ирак, пренесува Ројтерс.

Џихадистите пред една недела ја кренаа во воздух средновековната џамија и нејзиното познато криво минаре.

Ирачката војска соопшти дека специјалните сили ја презеле џамијата од џихадистите додека еден командант на специјалците, генералот Авдевахаб ал Саади, за Франс прес изјавил дека локацијата сѐ уште не е заземена, туку дека ирачките сили се на чекор од преземање на контролата.

Антитерористичката служба ги контролира џамијата Ал нури и минарето Ал хадба, соопшти командата на заедничките операции.

Џамијата и накривеното минаре, познато како Хадба (грбаво), кои беа разурнати минатата недела беа симбол на Мосул. Тие добија и посебно значење под владеењето на Исламска држава која го зазеде Мосул во 2014 година.

Во џамијата лидерот на ИСИС Абу Бакр ал Багдади се појави набрзо откако џихадистите го зазедоа градот, втор по големина во Ирак, и го прогласи формирањето на исламскиот калифат.