Од први јули струјата поевтинува за 0,25 насто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава.

Од 1 јули цената на електричната енергија поевтинува за 0,25 проценти, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава. Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05 насто во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3 насто.

Операторот на дистрибутивниот систем ЕВН Електро дистрибуција, тарифата му се намалува за 5,89 насто додека на ЕВН Снабдување, наместо бараното зголемување за 6 насто, му се одобруваат само 0,1 насто.

Според пресметките на Регулаторната комисија овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25 насто во однос на досегашната цена.