Актуелно

Пад на цената од акциите на Твитер

Цените на акциите на Твитер (Twitter) на Волстрит падна за 12 проценти откако компанијата извести дека минатата година биле во загуба од 167 милиони долари или двојно поголема загуба од онаа од годината пред неа.

Вкупните приходи на Твитер во изминатиот квартал изнесувале 717 милиони долари, околу 1 процент повеќе околку една година претходно, при што приходите од огласувањето опаднале на 638 милиони долари.

Акциите на Твитер беа понудени на Волстрит во ноември 2013 година. Оваа компанија никогаш не успеа да креира добивка, а нејзините загуби од 2013 година па наваму изнесуваатт 1,5 милијарди долари.

To Top