Home Шоубизнис Амбер Роуз раскина со дечкото и заврши во прегратките од бившиот сопруг

Амбер Роуз раскина со дечкото и заврши во прегратките од бившиот сопруг

Американската раперка, модел и модна дизајнерка, а бивша стриптизерка, Амбер Роуз ја раскина врската со танчерот Вал Чмерковски. Парот беше во врска скоро пет месеци.

Амбер и Вал се запознаа преку братот на Вал, Макс, кој беше танчерски партнер на Амбер во американскиот „Танц со ѕвездите“. Набрзо после тоа ја започнаа врската, а извори блиски на парот тврдат дека танчерот и раперката биле прилично задоволни од врската.

Иако Роуз на социјалните мрежи често споделуваше фотки со Вал изјавувајќи му љубов, врската не траеше долго, а раперката веќе ден после раскинувањето се прегрнувала и бакнувала со бившиот сопруг Виз Калифа.

Бившиот родителски пар кој има тригодично синче на црвениот тепих на забавата од Клајв Дејвис во Лос Анџелес разменувал нежности и бакнежи. Тие се венчаа во септември, 2003, а една година подоцна Амбер побара развод.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …