Овој пат таа негира: Продолжуваат препукувањата меѓу Интер и Ванда Нара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Партнерката на Мауро Икарди, фаталната Ванда Нара излезе со реакција негирајќи ги наводите обајвени од „Газета дело Спорт“ дека таа му поставила ултиматум на Интер, ако сакаат Икарди да продолжи да игра да му ја вратат капитенската лента.

„Газета дело Спорт“ вчера ја објави веста дека Ванда Нара доставила ултиматум до Интер, да му ја вратат капитенската лента на Икради во спротивно тој нема никогаш веќе да игра за нив.

Таа наводно побарала и клубот да му се извини на нејзиниот сопруг за стресот кој го претпел по одземената лента.

Таа сега со твит ги негира ваквите пишувања: „Срамота! Продолжуваат да пишуваат ѓубре кое е уште поопасно. Секогаш има само една вистина“.

Икарди нема играно за Интер откако му е одземена капитенската лента.Тој се жали на повреда и оди на физиотерапија. Информациите од Италија велат дека тој денес ќе биде подложен на тестови со цел да се види тежината на повредата.