Home Шоубизнис Овие жешки убавици немале секс пред да стапат во брак

Овие жешки убавици немале секс пред да стапат во брак

Иако тоа можеби звучи нереално, некои ѕвезди апстинирале од секс пред со своите партнери да го кажат судбоносното да.

Од друга страна, некои кои имале сексуални односи, решиле да ги чекаат своите партнери кои се одлучиле да апстинираат од секс пред брак.

Мараја Кери

Апстинирала со бившиот вереник Џејмс Пакер, а тоа го направи и со бившиот сопруг Ник Кенон.

„Ник и јас веруваме во исти работи, па одлучивме малку да почекаме за секс додека не стапиме во брак“, изјави своевремено Мараја.

Али Ландри

Мис Америка стана во 1996 година, а призна дека со сопругот Алехандро Монтеверде немале сексуални односи до нивната венчавка во 2006 година.

Џесика Симпсон

Поради своите баптистички верувања одлучи да остане девица. Прв пат имала секс на 22 години, со нејзиниот тогашен сопруг Ник Лакеј. Се разведоа после четири години брак.

Адриана Лима

Бразилската манекенка изјави дека се воздржала од секс пред бракот. Своевремено откри дека се чува за „вистинскиот“. Три години подоцна се омажи за Марко Јариќ и со него имаат две деца. Се разведоа минатата година.

Тина Феј

Комичарката откри дека прав пат имала секс на 24 години, со сегашниот сопруг Џеф Ричмонд. Од сексуални односи се воздржувала бидејќи сакала да го најде мажот на својот живот и со него да ја изгуби невиноста.

Сиара

Со ѕвездата од Сиетл Сихокс одлучија да живеат во предбрачна чистота. Сиара (31) пред тоа беше во брак со раперот Фјучр, со кој има син, а се разведоа поради неговите неверства.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …