Oвие намирници се главните виновници за жолтите заби!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ги миете забите два пати дневно, ги обавувате редовните прегледи кај стоматологот, прекинавте со пушење, а вашите заби и поантаму се жолти. Можеби не сте знаеле, но одредени намирници и напитоци влијаат врз бојата на забите.

Вино
Сите знаеме дека црвеното вино содржи танин, пигмент кој влијае врз промената на бојата од забите. Ако сте мислеле дека ќе го избегнете проблемот доколку пиете бело вино, тогаш не сте во право. Белото вино исто така може да предизвика промени.

Лимонада
Ова е напиток кој сите го пиеме во лето, но комбинацијата на киселина и шеќер сигурно негативно ќе влијае врз бојата на забите, а тоа го потврди и Нанси Росен, стоматолог од Њујорк.

Спортски напитоци
Универзитетот во Калифорнија објави резултати од истражувањето каде што се барала поврзаноста помеѓу спортските напитоци и забите. Научниците предупредуваат на голем пораст на консумирање на спортски напитоци кои предизвикуваат непоправлива штета на нашите заби. Тие напитоци се многу кисели и лесно можат да ги оштетат забите.