Со овие 5 начини на комуникација ќе ја спасите врската

комуникација

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пасивната агресија и сарказмот се најлоши начини за решавање на проблемите во врската. Комуникација помеѓу двајца е она што е најтешко затоа што забораваме да слушаме и најдуваме компромис.

Она што ни смета кај другите е точно тоа што ни смета кај себеси, а тоа често не го чувствуваме. Со помош на овие 5 совети ќе успеете со партнерот да најдете заеднички јазик, како и да покажете почит.

Избегнувајте го зборот „секогаш“ и „никогаш“

Ако поради нешто си лута на партнерот, најлошо што можеш да кажиш се зборовите како „само јас морам на се да мислам“ или „никогаш не ме слушаш“. Со таков начин на комуникација го ставате партнерот во невидлива кутија на генерализација, а не е реално никогаш да не ве слуша или на ништо да не мисли. Тој е начин за избегнување на својот дел од одговорноста. За да ја подобрите врската мора да го оттргнете деструктивниот начин на комуникација.

Не го користете зборот „ти“

Наместо да кажите „Ти ме повреди“ речете „Повредена сум“, затоа што со тоа појасно ќе пристапите до проблемот а со тоа и до негово решавање. Штом користите реченица која содржи порака што го осудува партнерот за нешто што направил или не направил, автоматски се активира одбранбен механизам. Се што ќе слушни е дека го обвинувате и со тоа е приморан да одговори со напад, на нападот. Запамтете дека секогаш мора да преземите одговорност за своите чувства какви и да се.

Успори

Добрата комуникација бара време затоа што проблемите не се решаваат набрзина. Многу од нас комуницираат на реактивен начин, што значи дека реагираме на нешто пред да размислиме и да го разработиме. Тоа е реагирање во афект, а таков начин никако не е добар за било која врска. Затоа треба да развиеме вештина за „чекање на одговор“. Земете време, успорете, размислете и тогаш одговорете. Така ќе избегнете многу грозни ситуации.

Активно слушај

Факт е дека логичката страна на мозокот не може добро да функцинира кога сме возбудени или лути. Тоа е реагирање во афект. Се што ќе посакате во тој момент е да бидете во право. Доколку сакате партнерот да го промени начинот на комуникација, мора и вие да се потрудите. Со активно слушање ќе привлечите внимание. Не е важно само да го слушниш него, туку да пробаш и да го разбериш. Нормално дека работите мора и да ги разберете во потполност. Еден вид на ваква комуникација е да го повторите тоа што партнерот го кажал. Така ќе му покажиш дека него го слушаш и притоа и разбираш.

Бидете искрени

Можеби себе се сметате за многу искрени, но зборувањето на вистината некогаш е потешко отколку што изгледа. Се трудиме вистината да ја прилагодите на другите за да одржиме мир и да бидеме прифатени. Зошто? Оние кои имаат отворени видици ќе знаат да ја ценат искреноста, повеќе од настојувањето да не ги повредиме. Некогаш не може да избегнеме конфликт и тоа е во ред. Тоа е дел од животот.