Актуелно

Заев за грчка Алфа ТВ: Спорот за името ќе се реши до јуни

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев изјави, во интервју за грчка Алфа ТВ изјави дека е подготвен да разговара со Грција за промена на името на аеродромот, за да го елиминира на тој начин иредентизмот за кој сме обвинети од соседна Грција.

Заев истакна дека наместо на историја треба да се фокусираме во создавање доверба која ќе води кон решавање на главното прашање што Грција го има со нашето уставно име како и кон заедничката евроатланска иднина.

Заев изјави дека за време на преговорите, македонската страна нема некоја црвена линија не откривајќи кој предлог би бил прифатлив за него, но изрази уверување дека двете страни имаат капацитет за решавање на долгогодишниот спор до крајот на јуни, кога се очекува да се одржи идниот самит на НАТО.

To Top