Оваа земја го забранува кафето во училиштата ширум земјата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Владата на Јужна Кореа донесе одлка за забрана за продажба на кафе во училиштата поради прекумерно конзумирање.

Продажбата на пијалоци со висок процент на кофеин е забранета во училиштата во Јужна Кореа од 2013. година, но апаратите за кафе им беа достапни на наставниците, додека учениците можеа да се снајдат за да добијат кафе.

Владата сега сака потполно да ја елиминира можноста децата да купат пијалок со висок процент на кофеин, истакна портпаролот на Министерството за безбедност, храна и лекови, предупредувајќи дека учениците конзумираат кафе за навечер да не спијат и се подготват за полагање на испитот.

Оваа одлука која ќе стапи на сила на 14. септември, предвидува потполна забрана на продажба на кафе во основните, средните и високите училишта.

„Кафето ќе исчезнее од кафетериите“, истакна портпаролот на Франс прес.

Министерството предупреди на здравствените последици од преголемото конзумирање на кафе кое може да предизвика мачнини, нерегуларни отчукувања на срцето и пореметување на сонот.