Живот

Овие знаци укажуваат дека врската ви се руши како кула од карти

Ако во последно време се чувствувате несигурно и незадоволно во врската, треба да се обидете да ја откриете причината на тие негативни чувства.

Прво што треба да направите е да ги преиспитате овие четири работи и така ќе дојдете до заклучок дали можете и сакате да поработите на врската или заедно сте само поради навика.

Немате време за заеднички активности

Не се сеќавате кога последен пат сте биле заедно во кино, театар или некое патување? Запрашајте се зошто тоа се променило и разговарајте со партнерот за промена на таа состојба.

Му ги гледате само мааните

Ако ги занемарувате квалитетите на својот партнер, а ги гледате само неговите недостатоци, секогаш ќе бидете незадоволни со него и својата врска.

Комуникацијата и заедничкиот хумор драстично се намалени

Ова е сериозен проблем. Комуникацијата е една од клучните работи за успех на било кој однос, од љубовен, пријателски или семеен.

Секогаш сте подготвени за кавга

Забележувате ли дека сте постојано мрзоволни и подготвени за кавга со партнерот дури и околу ситници, размислете тука лежи и некој подлабок проблем.

Advertisements
To Top