Home Шоубизнис Оваа снимка е доказ за ужасниот начин на живот кој го водел Авичи

Оваа снимка е доказ за ужасниот начин на живот кој го водел Авичи

Смртта на 28-годишниот шведски диџеј Авичи и натаму е една од топ темите на сите светски медиуми. Надлежните органи не ги пренесоа до јавноста податоците за точната причина за смртта на славниот музичар, а секој ден во јавност протекуваат нови информации и детали за ужасниот живот кој Авичи го водел за време на турнеите кои траеле и по цела година.

Најновата снимка која се појави го дава Авичи во една австралиска болница. Поради болниот црн дроб, на музичарот му се слошило среде турнеја, па во болницата го „наклукале“ со лекови против болки од кои одвај стоел на нозе.

Не смеел ниту да јаде, ниту да пие нешто додека не се смират отоците на црниот дроб, па неколку дена бил само на лекарства. Без оглед на својата катастрофална здравствена состојба, уште следниот ден се вратил на закажаните термини во рамки на турнејата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…