Home Актуелно Оваа недела ново задолжување на Македонија за 32,4 милиони евра

Оваа недела ново задолжување на Македонија за 32,4 милиони евра

За период од една година јавниот долг е зголемен за 9,15% и сега изнесува 5,14 милијарди евра, односно 47,7% од БДП. Тоа значи дека државата дневно во просек се задолжува за 118 илјади евра. Дополнително, Министерството за финансии објави нова аукција на државни хартии од вредност што треба да се одржи во вторник. Со оваа аукција државата ќе се задолжи за уште 32,4 милиони евра.

“Во една ваква економска сосотојба, односно во една ваква постојана економска турбуленција, може да кажеме дека нема да се одрази добро. Иако не сакам да кажам така, но состојбата наговестува една блага рецесија и намалување на економскиот раст. Меѓутоа, податоците покажуваат и нешто друго. Треба да се верува, но треба да се биде претпазлив”, смета Миле Бошков, претседател на Конфедерација на работодавачи на Македонија.

За состојбата со јавниот долг реагираа од Министерството за финансии.

“Јавниот долг бележи намалување прв пат после девет години во 2017 година, по што во 2018 година се задржува на тоа ниво. Претходните години јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2018 година тој рапидно растеше, а во 2016 година се удвои. Со одговорно менаџирање со јавниот долг, подобрена е и неговата структура. Значително се намалени каматните стапки, како за еврообврзницата, така и за државните хартии од вредност. Зголемена е и рочноста на државните хартии од вредност, што ја зголемува одржливоста на долгот”, пишува во соопштението од Министерството за финансии.

Од друга страна, и покрај зголемувањето на јавниот долг, државата до сега реализираше само 16,6% од капиталните инвестиции, а економскиот раст е во позитивната зона за минимални 0,1%. Ресорните министри постојано уверуваат дека 3,2% раст и реализација на 90% од капиталните инвестиции до крајот на годинава се остварливи проекции.

Извор: Сител

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…