Оваа мечка има аристократски вкус – јаде само најскапо грозје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Примерок на црна мечка со години „упаѓа“ на еден приватен имот со лозје каде веќе го има докажано својот префинет вкус за ова овошје.

Доказ за тоа се големиот број траги кои ги остава зад себе, како отпечатоци од шепите, празни лознициод кои го јаде грозјето и слично. А за нејзиниот префинет вкус за грозје сведочат и газдите на лозјето.

Ова лето посетата на мечката била снимена со надзорни камери, на снимката може да се види како таа полека се шета низ лозјето и внимателно бира со какво грозје ќе се наслади.

Мечката имала префинет вкус, сопствениците на лозјето забележале дека таа јаде само скапо грозје од видот Пинот ноир, покрај тоа што во лозјето има уште осум различни видови на грозје.

„Јаде само првокласно овошје. Драго ми е дека најмногу го сака најскапото грозје, за нас тоа е само капка во морето, драго ми е што доаѓа“, вели еден од сопствениците на лозјето.