Оваа луксузна куќа можете да ја добиете на подарок, треба само да…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жителката на канадското гратче Миларвил, Ања Вагнер, откако се здоби со повреда на грбот, поради потешкотиите во движењето, веќе не е во можност да ја одржува својата луксузна куќа и имотот, па реши да ги продаде по цена од 1,7 милиони долари.

Но, за имотот и куќата немало заинтересирани што ќе искешираат толку пари, па таа ја намалила цената. И тогаш немало кој да ја купи, па се сетила што да направи. Решила да организира наградна игра и да му ја подари куќата на оној кој ќе и испрати највпечатливо писмо.

За да се учествува во натпреварот треба да се платат 25 долари, а таа се надева дека ќе има доволен број учесници во наградната игра, за да заработи онолку пари по колку сакала да ја продаде куќата.

Победникот во наградната игра Write A Letter, Win A House ќе биде избран само ако биде постигната сумата од 1,7 милиони долари. Ако тоа се случи , на сите учесници ќе им бидат вратени парите.

Писмото треба да има најмногу 350 знаци , а може да се испрати на меил или по пошта со уплата од 25 долари. Натпреварот за сега трае до 5 април , но можно е Вагнер да го продолжи рокот , во зависност од интересот.

500 писма ќе влезат во финалето , а потоа независни судии ќе го одберат победникот. Учесниците мора да бидат постари од 18 години , а од едно домаќинство може да се натпреварува само едно лице. Не смеат да се пријават членовите на нејзиното семејство и пријателите.