Оваа комета беше блиску до Земјата кога се граделе пирамидите – сега повторно се враќа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите вљубеници во астрономијата и вселенските појави на небото за брзо ќе имаат можност да бидат сведоци на своевиден астрономски спектакл.

Комета, која не е забележана во близината на Земјата илјадници години, a веројатно последни ја виделе Египќаните од времето кога биле градени пирамидите на Земјата, наскоро ќе се врати во нашиот дел од галактичкиот универзум. До крајот на април се очекува кометата да стане светла како соѕвездието Голема Мечка, со што ќе биде видлива и со голо око.

Како што објаснува Људмила Косман, астроном во Московскиот планетариум, кометата Ц/2019И4 Атлас, чие јадро содржи отровно хемиско соединение наречено цијаноген, последен пат го посетила нашиот Сончев Систем во текот на 4 милениум пр. н.е., во времето кога биле градени големите пирамиди во Египет.

„Тоа ќе биде можеби најсјајната појава на нашето небо во последните седум години. Поради сончевиот ветер, кометата почнува да развива две опашки – едната гасовита, а другата составена од прашина, кои ѝ даваат особено спектакуларен изглед. Зелената нијанса на кометата е производ на цијаногенот во нејзиното јадро и станува флуоресцентна кога е зафатена од УВ-зрачење“ – истакнува Косман.

Според неа, кометата на 27 мај ќе помине покрај Земјата на растојание од околу 117 милиони километри, а на 31 мај ќе се приближи до Сонцето на растојание од околу 38 милиони километри, што е помалку од растојанието помеѓу Сонцето и Меркур.