Home Спорт Ова го може само „Специјалниот“: После едно прашање го прегрна новинарот (видео)

Ова го може само „Специјалниот“: После едно прашање го прегрна новинарот (видео)

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо направи шоу по завршувањето на натпреварот со Севиља во Лига на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 против Севиља, а на пресконференцијата новинарите најмногу прашања на Мурињо му поставија за Пол Погба, кој мечот го започна од клупата.

Сепак, еден новинар во микс-зоната му постави прашање за Мек Томини, а тоа прашање го воодушеви „Специјалниот“.

„Може да те прегрнам? Ти благодарам. Тоа е вистинското прашање“, рече Мурињо откако новинарот го пофали Мек Томини и го праша за мислење.

Португалецот потоа му објасни на новинарот дека неговите колеги на пресконференцијата го прашувале само за Погба, а дека Мек Томини заслужил поголемо внимание.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…