Арбен Таравари: Заев го заменува Груевски!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар, упати критики кон премиерот Зоран Заев и го спореди со неговиот претходник.

„Денес Заев ги зема ингеренциите од општина Гостивар и ѝ ги даде на ДУИ. Истото се случи и во 2010 година, меѓутоа тогаш Груевски го направи истото. Каде е резликата меѓу 2010 и 2018 година?! Менталитетот, кој не мисли како нас треба да се уништи!
Секоја чест, баш “општество за сите”“, напиша Таравари на Фејсбук.

Ваквата реакција доаѓа откако денеска министерката за образование, Рената Десковска, рече дека Таравари повеќе нема да може да разрешува и именува директори затоа што ги прекршил процедурите.